20-ГОДИШЕН ПРИТВОРЕНИК ОД КИЧЕВО ГО ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАРОТ ВО БИТОЛСКИОТ ЗАТВОР

    20-ГОДИШЕН ПРИТВОРЕНИК ОД КИЧЕВО ГО ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАРОТ ВО БИТОЛСКИОТ ЗАТВОРПритвореникот предизвикал пожар во ќелијата каде издржувал притвор. (Фото: СДК.МК)

    Полицијата до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против А. В.(20) од Кичево, за предизвикување пожар во затврото во Битола. Пријавата е поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Предизвикување општа опасност“, казниво по член 288 од Кривичниот законик.

    Според СВР Битола, на 11 јули во периодот од 19.00 до 19.20 часот, во Затвор-Битола тој предизвикал пожар во ќелијата каде издржувал притвор, при што просторијата била опожарена, а биле оштетени и други простории во Притворското одделение.

    По пожарот 18 протвореници од Битола биле преместени во други притворски одделенија во Затвор-Скопје и во Затвор-Охрид, со полициска асистенција, а на неколкумина чувари поради вдишен чад им била укажана лекарска помош.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира