РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА УКРАИНА ГО НАПАДНАЛА КРИМСКИОТ МОСТ СО ПОМОРСКИ ДРОНОВИ

    РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА УКРАИНА ГО НАПАДНАЛА КРИМСКИОТ МОСТ СО ПОМОРСКИ ДРОНОВИРуските власти го затворија мостот по нападот (Фото: АП)

    Руските безбедносни служби ја обвинија Украина за денешниот напад на мостот што ја поврзува Русија со анектираниот полуостров Крим. Националниот антитерористички комитет соопшти дека нападот, во кој загинале две лица, бил изведен со два поморски дрона кои се движат по површината на водата.

    „Нападот го организираа украинските специјални служби“, кажаа од комитетот.

    Украина засега не ја презеде одговорноста за нападот, како што беше случај и со експлозиите во октомври 2022, по кои мостот не беше целосно во функција до февруари. Сепак, извор од Безбедносната служба на Украина откри за Би-Би-Си дека „нападот бил специјална операција на поморските сили и на Безбедносната служба на Украина“.

    „Мостот беше нападнат со површински дронови. Беше тешко да се допре до мостот, но покажавме дека е возможно“, рекол изворот.

    Видео објавено од сајтот „Крим 24“ покажува дека една секција од мостот е поделена и наведната на една страна, но нема назнаки дека некој дел паднал во водата. Руските власти го затворија мостот по нападот, а железничкиот сообраќај продолжил по шестчасовен прекин.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира