ИЗЛОЖБА СО 75 ДЕЛА ОД ПОЧЕТОЦИТЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА ВО ЧИФТЕ АМАМ ЗА 75-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ

    ИЗЛОЖБА СО 75 ДЕЛА ОД ПОЧЕТОЦИТЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА ВО ЧИФТЕ АМАМ ЗА 75-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ„Турчин со бела брада“, Никола Мартиноски „Глава на жена“, Иван Мештровиќ. (Фото: НГМ)

    Изложбата 75/75“ ќе се отвори утре (19 јули) во 20 часот во Чифте амам, со што почнува одбележувањето на јубилејот 75 години од формирањето на Националната галерија на Македонија (НГМ).  Симболично за јубилејот, ќе се изложат 75 слики и скулптури.

    „Селекцијата на едни од најрано прибавените експонати за нашата колекција, вклучително и исклучително вредни, се базира на дела во кои ликовниот јазик на врвните мајстори се движи од класицизам до модернизам (преку неоромантизам, импресионизам, сецесија итн.), со акцент на студиозно третирање на фигурата и особено портретот“, велат од Националната галерија.

    Ќе бидат претставени дела од сликарите Сава Шумановиќ, Матеј Стернен, Константин Данил, Никола Алексиќ, Стефан Тодоровиќ, Весна Соколиќ, Урош Предиќ, Паја Јовановиќ, Матеј Јама, Надежда Петровиќ, Зора Петровиќ, Пјер Крижаниќ, Петар Добровиќ, Моша Пијаде, Влахо Буковац, Крсто Хегедушиќ, Марко Мурат, Леон Коен, Целестин Медовиќ, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Ќорќи Јаков Зографски, Коста Шкодреану, Димитар Андонов Папрадишки, Димитар Пандилов Аврамовски, Катја Ефтимова, Лена Стефанова  и скулторите Антун Аугустинчиќ, Воин Бакиќ, Тома Росандиќ, Петар Палавичини, Иван Мештровиќ, Димо Тодоровски, Љубомир Стефановски, Борка Аврамова, Франо Кршинич, Борис Калин, Ристо Стијовиќ.

    Изложбата ќе трае до 19 август, а на 2 август, кога е отворена Галерија, влезот во сите објекти на Националната галерија ќе биде слободен.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира