Две лица загинаа во силното невреме што попладнево го зафати Загреб, а има и повеќе повредени.
„Двајца мажи загинаа кога врз нив паднаа дрвја. Притоа се здобиле со повеќекратни повреди на главата“, изјави Љупка Хитрова од Заводот за итна медицина на Град Загреб.
Таа додаде дека неколкумина од повредените се во сериозна состојба.
Невремето го погоди Загреб околу 16 часот, при што предизвика големи штети. Разорниот ветер носеше сѐ пред себе, а поројниот дожд поплави улици. Хрватските медиуми објавија дека итните служби примиле над 700 повици за 45 минути, а пожарникарите имале 50-ина интервенции.
Невремето траело околу 20 минути, при што паднаа бројни дрвја и се оштетени автомобили и покриви.