Американскиот претседател Џо Бајден избра адмиралка на чело на американската морнарица, за првпат жена е номинирана за раководителка на воената служба на Пентагон. Лиза Франчети е поранешна шефица на американската 6-та флота и американските поморски сили во Јужна Кореја, а служела и како командантка на носач на авиони.
Нејзината номинација од Бајден сепак мора да биде потврдена од американскиот Сенат. Еден пратеник во моментов го блокира Сенатот да ги потврди воените лидери, во знак на протест против воената политика за абортус.
Ако биде потврдена како началничка за поморски операции, таа ќе биде првата жена што ќе стане членка на елитната група високи воени офицери кои го сочинуваат Генералштабот. Како 38-годишна ветеранка, таа е втората жена што го доби чинот адмирал со четири ѕвезди.
Во изјавата, Бајден ја поздрави, како што рече, нејзината „обемна експертиза и на оперативната и на политичката сцена“ и рече дека „повторно ќе испише историја“ кога ќе биде потврдена за функцијата.