Најмалку четири лица загинаа, а неколкумина се повредени откако денеска пукна цевка за топла вода во трговски центар во западна Москва, изјави градоначалникот на градот. Градоначалникот Сергеј Собјанин рече дека некои од повредените добиле изгореници и дека итната помош работи на местото на настанот.
Видеоснимката покажува поплава низ зградата и пареа како излегува од вратата. Трговскиот центар, познат како „Времена года“ (Годишни времиња), беше отворен во 2007 и има над 150 продавници.
„Им даваме медицинска помош на сите жртви“, рече Собјанин.