НА СИЦИЛИЈА ИЗМЕРЕНИ 47 ЦЕЛЗИУСОВИ СТЕПЕНИ, ВО СЕВЕРНА ИТАЛИЈА ЧЕТВОРИЦА ЗАГИНАТИ ВО СИЛНО НЕВРЕМЕ

    НА СИЦИЛИЈА ИЗМЕРЕНИ 47 ЦЕЛЗИУСОВИ СТЕПЕНИ, ВО СЕВЕРНА ИТАЛИЈА ЧЕТВОРИЦА ЗАГИНАТИ ВО СИЛНО НЕВРЕМЕНа Сицилија се регистрирани 55 пожари (Фото: Јуроњуз)

    Пет лица загинаа откако два екстремни временски настана ја поделија Италија на пожари и горештини во јужниот дел н на насилно невреме во северниот дел. Пожарите на Сицилија доведоа до привремено затворање на аеродромот во Палермо, каде што денеска беше измерена температура од 47 Целзиусови степени.

    На островот се регистрирани 55 пожари, па напомош доаѓаат стотици пожарникари од други региони на Италија. Една 88-годишна жена почина во Сан Мартино дела Скале, неколку километри од Палермо.

    Вакво нешто не сме виделе досега. Бевме окружени со оган. Ја поминавме ноќта на плоштадот“, изјави еден жител на Сан Мартино дела Скале.

    Повеќе од 120 семејства се евакуирани од нивните домови во околината на Палермо, каде што е соборен досегашниот температурен рекорд од 44,8 степени, измерен во 1999.

    Истовремено, невремето во Ломбардија однесе четири животи, вклучувајќи 16-годишна девојка, врз која падна дрво во еден камп. За следните денови се најавени уште поројни дождови во северните региони, што е резултат на доаѓањето на постудениот воздух од северна Европа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира