Товарен брод со околу 3.000 автомобили се запали покрај холандскиот остров Амеланд, при што загина најмалку еден морнар, а 22 се повредени. Во тек е голема спасувачка операција во Северното Море.
Портпаролот на холандската крајбрежна стража изјави дека пожарот најверојатно избувнал на едно од 25 електрични возила на бродот „Фриментл хајвеј“ кој пловел под панамското знаме.
„Пожарот трае со денови и спасувачките бродови избегнуваат да истураат премногу вода на бродот за да не потоне“, кажа тој.
Бродот испловил од Бремерхафен во северна Германија вчера и бил на пат за Египет. Проблемите почнале во текот на ноќта кога бил на 27 километри од островот Амеланд. Екипажот во прв момент се обидел самиот да го изгасне огнот, но не успеал, па морал да биде евакуиран.