ЗА ГРАДЕЊЕТО НА СКОПЈЕ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО 1963 ДИПЛОМАТСКИОТ КОР ДОБИ БЛАГОДАРНИЦИ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА

    ЗА ГРАДЕЊЕТО НА СКОПЈЕ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО 1963 ДИПЛОМАТСКИОТ КОР ДОБИ БЛАГОДАРНИЦИ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРАОд името на дипломатскиот кор се заблагодари амбасадорот на Полска, Кшиштов Гжелчик, како претставник на земја со чија донација е изграден МСУ. (Фото: К. Попов)

    Кураторката Бојана Јанева со министерката Костадиновска-Стојчевска. министерот за внтарешни работи Оливер Спасовски и претседателот Стево Пендаровски. (Фото: К. Попов)

    Со доделување благодарници на амбасадорите од земјите донатори по катастрофалниот земјотрес во Скопје пред 60 години, денеска во Музејот на соврема уметност (МСУ) се одржа еден од настаните во дводневното чествување на годишнината.

    Благодарниците на претставниците на дипломатскиот кор им ги додели министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која и ј отвори дигиталната изложба на „Подемот и падот на Скопје“.  Станува збор за изложба на Државниот архив, од материјал од фотообјективот на Киро Георгиевски, вработен во Градското собрание во 50-тите години на 20. век.

    Благодарница доби и поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. – Со министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска. (Фото: К. Попов)

    Видеоматеријалот содржи над 300 фотографии и документи за денот на земјотресот и за сите случувања до крајот на годината – доаѓањето на армијата, обновата на градот со донации од југословенските републики и од целиот свет, деновите на солидарноста и сите официјални посети на државни претставници.

    Според директорот на Архивот, Емил Крстеки, низ документите и фотографиите се наѕираат тажните факти за земјотресот кој за само дваесет секунди остави зад себе урнатини и одзеде многу човечки животи. (Фото: К. Попов)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира