ПУТИН И ЗАПАДОТ ВЕЛАТ ДЕКА УКРАИНА ЈА ЗАСИЛУВА ПРОТИВОФАНЗИВАТА, ОСЛОБОДЕНО УШТЕ ЕДНО СЕЛО ВО ЗАПОРОЖЈЕ

    ПУТИН И ЗАПАДОТ ВЕЛАТ ДЕКА УКРАИНА ЈА ЗАСИЛУВА ПРОТИВОФАНЗИВАТА, ОСЛОБОДЕНО УШТЕ ЕДНО СЕЛО ВО ЗАПОРОЖЈЕКиев објави снимка од украинските сили во ослободеното село Старомајорске во регионот Запорожје

    Украинската војска објави дека имала успеси во југоисточна Украина, додека западните функционери велат дека противофанзивата се засилува и влегува во нова фаза. Претседателот Володимир Зеленски објави дека украинските сили го зазеле селото Старомајорске во регионот Запорожје, за кое руските воени блогери пишуваа дека интензивно се бомбардирало во последните денови.

    И Владимир Путин призна дека Украина ги засилила нападите, но без да оствари напредок на фронтот. Наспроти него, некои блогери јавуваат дека украинските сили притискаат и остваруваат одреден успех во Запорожје.

    Украинската противофанзива почна на неколку фронта минатиот месец, но бавно носи резултати. Заповедникот на воените операции на југот, генералот Олександр Тарнавски, предупреди дека брзите успеси се невозможни поради силно утврдените руски позиции и многувројните мински полиња.

    И заменичката на министерот за одбрана Хана Маљар изјави дека украинските сили го ослободиле селото Старомајорске, кое се наоѓа јужно од групата мали населени места кои Украина претходно ги зазеде долж реката Мокри Јали.

    Иако за тоа нема потврда од Киев, еден американски функционер изјави дека Украина распоредила дополнителни трупи обучувани на западот и дека е почнат нов удар во противофанзивата. Институтот за проучување војна објави дека е лансиран напад на Роботине, кој се наоѓа на пат кон Токмак и Мелитопол.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира