ДВАТА АВИОНА ЗА ГАСЕЊЕ ПОЖАР СЕ ВРАТИЈА ОД СЕРВИСИРАЊЕ ВО ХРВАТСКА 

    ДВАТА АВИОНА ЗА ГАСЕЊЕ ПОЖАР СЕ ВРАТИЈА ОД СЕРВИСИРАЊЕ ВО ХРВАТСКА од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека се подготвени за летото и потенцијалната опасност од пожари, а формирани се и дежурни екипи. (Фото: ЦУК)

    Двата авиона „ер трактор“ за гасење пожар на отворено се вратија во Македонија по сервисирањето во Хрватска. Сега сите три авиони се подготвени да интервенираат по потреба.

    „Вчера се врати едниот од двата авиона кој беше на сервис, а денес околу пладне слета и вториот. Со тоа, сите три се сервисирани и подготвени за интервенција“, соопшти информираа од Дирекцијата за заштита и спасување ( ДЗС).

    Од ДЗС велат дека се подготвени за летото и потенцијалната опасност од пожари, а формирани се и дежурни екипи.

    Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), изминатото деноноќие во Македонија имало 19 пожари, сите на отворено и сите до доцна вечерта биле локализирани. Утрово нема активен пожар.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира