Во Украина стапија во сила законските измени со кои Божик отсега ќе се празнува на 25 декември, оддалечувајќи се од традициите на Руската православна црква, која го слави празникот на 7 јануари.
Законските измени поминаа во украинскиот парламент претходно месецов, а претседателот Володимир Зеленски вчера го потпиша указот.
Украина и Русија се православни земји, но откако Русија го анектираше Крим и ги поддржуваше сепаратистите во Донбас во 2014 година, голем дел од украинските верници се оддалечија во Руската православна црква.
Одлуката за поместување на датумот изгледа дека е популарно меѓу граѓаните. Во декември, украинската влада спроведе анкета прашувајќи ги граѓаните дали датумот на Божик треба да биде преместен на 25 декември. Речиси 60 отсто од анкетираните 1,5 милиони граѓани ја поддржаа промената.