МИНИСТРИТЕ И ДРУГИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ НА ДУИ ПОДНЕСОА ОСТАВКИ, ЌЕ СТАПАТ ВО СИЛА КОГА ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ГЛАСА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ, ВЕЛИ АХМЕТИ

    МИНИСТРИТЕ И ДРУГИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ НА ДУИ ПОДНЕСОА ОСТАВКИ, ЌЕ СТАПАТ ВО СИЛА КОГА ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ГЛАСА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ, ВЕЛИ АХМЕТИЛидерот на ДУИ вели дека ваквата одлука ја донеле водејќи се од ставот на опозицијата дека ќе гласа за уставните измени ако ДУИ ја напушти Владата. (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на ДУИ Али Ахмети соопшти дека министрите и другите владини функционери од неговата партијата поднеле оставки, кои ќе стапат во сила автоматски во моментот кога опозицијата ќе гласа за уставните измени.

    „Министрите и владините функционери од редовите на ДУИ поднесуваат оставки од позициите на кои што во моментов се наоѓаат. Оставките, господине премиер, автоматски стапуваат во сила во моментот кога опозицијата ќе гласа за уставните измени“, вели Ахмети во писмото до премиерот Димитар Ковачевски, објавено на неговата Фејсбук страница.

    Ахмети вели дека земјата се наоѓа во критична фаза за европската иднина, како и дека „за големи одлуки е потребна политичка, национална и државничка одговорност, како жртви од сите нас“.

    Лидерот на ДУИ додава дека ваквата одлука ја донеле водејќи се од ставот на опозицијата дека ќе гласа за уставните измени ако ДУИ ја напушти Владата.

    Уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот поминаа на собраниската Комисија за уставни прашања, а пленарната седница за расправа за потребата за отворање на Уставот е закажана за 18 август.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира