УНЕСКО ПРЕПОРАЧА ВЕНЕЦИЈА ДА СЕ ПРОГЛАСИ ЗА ЗАГРОЗЕНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ЗАШТО ПРЕМНОГУ СЕ РАЗВИВА

    УНЕСКО ПРЕПОРАЧА ВЕНЕЦИЈА ДА СЕ ПРОГЛАСИ ЗА ЗАГРОЗЕНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ЗАШТО ПРЕМНОГУ СЕ РАЗВИВАУНЕСКО ги обвини италијанските власти дека им недостига стратешка визија за да се решат проблемите во градот (Фото: Њујорк тајмс)

    Венеција би требала да се најде на листата на загрозено светско културно наследство, препорача УНЕСКО. Во извештајот на организацијата на ОН стои дека градот се соочува со ризик од непоправлива штета поради прекумерниот туризам, претераниот развој и покачувањето на нивото на морето поради климатските промени.

    УНЕСКО на овој начин сака да ги поттикне властите да преземат мерки за поголема заштита на местото. Портпаролот на општината изјави дека внимателно ќе ги разгледаат препораките на УНЕСКО и дека ќе разговараат со италијанската влада.

    УНЕСКО ги обвини италијанските власти дека им недостига стратешка визија за да се решат проблемите во градот. Во исто време, бившиот градоначалник на Венеција, Масимо Чакари, кажа дека УНЕСКО е една од најскапите и најбескорисни организации на светот.

    Тие не ни даваат никакви пари за да направиме промени, само знаат да критикуваат. Како на Венеција да ѝ треба заштитен статус од УНЕСКО“, изјави Чакари.

    Околу 28 милиони туристи ја посетуваат Венеција годишно, што истовремено води кон сѐ повеќе и повеќе проекти на урбано проширување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира