ПРОНАЈДЕНО ТЕЛОТО НА ПЛИВАЧОТ КОЈ ПРЕД 5 ДЕНА ИСЧЕЗНА ВО ЛИПКОВСКОТО ЕЗЕРО ГЛАЖЊА

    ПРОНАЈДЕНО ТЕЛОТО НА ПЛИВАЧОТ КОЈ ПРЕД 5 ДЕНА ИСЧЕЗНА ВО ЛИПКОВСКОТО ЕЗЕРО ГЛАЖЊАТелото го пронајдоа нуркачите од армиските специјалци „Волци“ и полициските „Тигри“. (Фото: ЦУК)

    По петдневна потрага пронајдено е телото на 29-годишното лице кое пред 5 дена исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња во Липковскиот Регион, изјави Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК).  Телото го пронајдоа нуркачите од армиските специјалци „Волци“ и полициските „Тигри“.

    Претходно, од ЦУК, кажаа дека исчезнат е Ф. Р. (29) од липковското село Никуштак, кој на 30 јули влегол да се капе во езерото. Откако се одалечил на 1,5 километар од брегот и не се вратил подолго време, во 15.30 часот случајот бил пријавен во полициската станица Матејче.

    Ангелов вчера кажа дека условите за потрага биле многу тешки, брегот е исклучително стрмен, а длабочината на водата е повеќе од 20 метри на само неколку метри одалеченост од брегот.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира