Скопските кафулиња „Мош“ и „Интермецо“ повторно се казнети со по 13 илјади евра од Општина Центар поради гласна музика. Општината соопшти дека ако кафулињата ја платат казната во рок од 8 дена, ќе изнесува по 6.500 евра. Ако не ја платат казната од 13 илјади евра, инспектор ќе достави барања за поведување прекршочна постапка пред Основен суд, Оддел за прекршоци.
Двете кафулиња последен пат беа затворени во април, кога беа казнети поради непочитување на работното време. Откако ги направија првоаприлските журки и концерти, на 3 април, конечно по десет дена криење, газдите на кафулињата ги примиле решенијата за затворање од Пазарната инспекција и самите ги затворија објектите. Не работеа до 12 април.
- ОТКАКО ГИ НАПРАВИЈА ПРВОАПРИЛСКИТЕ ЖУРКИ, „ИНТЕРМЕЦО“ И „МОШ“ ГИ ПРИМИЈА РЕШЕНИЈАТА ОД ПАЗАРНАТА ИНСПЕКЦИЈА И САМИ СЕ ЗАТВОРИЈА
- ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА НЕ МОЖЕ ДА ГИ ЗАТВОРИ „ИНТЕРМЕЦО“ И “МОШ“ ОТИ ГАЗДИТЕ СЕ КРИЈАТ И НЕ ГО ПРИМААТ РЕШЕНИЕТО ЗА ПЛОМБИРАЊЕ
- 10 ДЕНА ЗАТВОРАЊЕ ЗА СКОПСКИТЕ КАФУЛИЊА „ИНТЕРМЕЦО“ И „МОШ“ ОТИ РАБОТЕЛЕ ПОСЛЕ ЕДЕН ПО ПОЛНОЌ И ЕЧЕЛА МУЗИКА
Б. НЕСТОРОСКА