НАВАЛНИ ДОБИ УШТЕ 19 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ЕКСТРЕМИЗАМ

    НАВАЛНИ ДОБИ УШТЕ 19 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ЕКСТРЕМИЗАМНавални веќе служи деветгодишна затворска казна (Фото: Гети)

    Затворениот руски опозиционер Алексеј Навални доби дополнителна затворска казна од 19 години на судењето што се одржа зад затворени врати во зафрлена казнена колонија. Навални е прогласен за виновен за основање и финансирање на екстремистички организација и активности. Тој ги негираше овие обвинувања.

    Навални веќе служи деветгодишна затворска казна за нарушување на условната слобода, измама и за непочитување на судот, што тој го опиша како политички мотивирано. Од затворањето во 2021, Навални се наоѓа во казнената колонија во Мелехово, 240 километри источно од Москва.

    Обвинителите бараа 20-годишна затворска казна во уште порестриктивна колонија. Во пресрет на изрекувањето на пресудата, Навални изрази убедување дека ќе добие сталинистичка затворска казна која има за цел да ги уплаши другите дисиденти.

    Тој би можел да очекува уште обвиненија, откако откри дека истражителите му рекле дека би можело да му се суди и за тероризам.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира