Руска водена бомба погоди центар за трансфузија на крв во источноукраинскиот град Купјанск, при што има загинати и повредени, изјави претседателот Володимир Зеленски. Тој не даде детали за бројот на жртвите на нападот во регионот Харкив.
„Ова воено злосторство кажува сѐ за руската агресија. Тоа се ѕверови и терористи“, рече Зеленски.
Купјанск и околните области беа заземени од руските сили во првите денови од инвазијата, пред да бидат ослободени во украинската противофанзива во септември.
Украинските воздушни сили објавија дека ноќеска биле лансирани 67 дронови и крстосувачки и хиперсонични проектили кон Украина, од кои 57 биле соборени.