НАЈМАЛКУ 36 ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРИТЕ НА ХАВАИ, ПРОГЛАСЕНА Е ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

    НАЈМАЛКУ 36 ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРИТЕ НА ХАВАИ, ПРОГЛАСЕНА Е ВОНРЕДНА СОСТОЈБАИлјадници луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови и прогласена е вонредна состојба. (Фото: АП)

    Најмалку 36 лица загинаа во шумските пожари на хавајскиот остров Мауи, соопштија властите. Смртните случаи се регистрирани во градот Лахаина, главната туристичка дестинација на островот. Силните ветрови од ураганот, кој е на поголема оддалеченост, ги разгореа пламените, а изгореа цели населби.

    Илјадници луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови и прогласена е вонредна состојба. Во тек се акции за спасување, има и исчезнати лица.

    „Едвај успеавме да избегаме на време“, изјави жител кој во вторникот побегна во засолниште со семејството. „Беше толку тешко да седам таму и само да гледам како мојот град гори во пепел и да не можам да направам ништо. Бев беспомошен“, рече тој.

    Пет засолништа се отворени на Мауи, а официјални лица претходно изјавија дека биле претрупани со луѓе. Островот е популарна туристичка дестинација и има апел до туристите да не доаѓаат.

    „Ова не е безбедно место“, изјави гувернерката на Хаваи Силвија Лук.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира