ВЛАСТИТЕ ВО ХАВАИ ЌЕ ИСПИТУВААТ ЗОШТО ЖИТЕЛИТЕ НА МАУИ НЕ БИЛЕ ПРЕДУПРЕДЕНИ ЗА ПОЖАРИТЕ КОИ ГО ПЕПЛОСАА ГРАДОТ

    ВЛАСТИТЕ ВО ХАВАИ ЌЕ ИСПИТУВААТ ЗОШТО ЖИТЕЛИТЕ НА МАУИ НЕ БИЛЕ ПРЕДУПРЕДЕНИ ЗА ПОЖАРИТЕ КОИ ГО ПЕПЛОСАА ГРАДОТВластите предупредија дека тимовите за пребарување со кучиња би можеле да најдат повеќе од 80 загинати во пожарот што запали 1.000 згради и остави илјадници без покрив над главата. (Фото: АП)

    Бројот на загинати од шумските пожари хавајскиот остров  Мауи стигна до 80. Додека спасувачките екипи сè уште ги пребаруваат урнатините на Лахаина каде тлеат пламени, хавајските власти се обидуваат да утврдат како пожарот го пеплоса историскиот туристички град, а речиси немало предупредувања.

    Пожарите станаа најсмртоносната природна катастрофа во историјата на Хаваи, надминувајќи го оној од цунамито во кое загинаа 61 лице на Големиот Остров Хаваи во 1960, една година откако Хаваи станаа сојузна држава на САД.  Властите предупредија дека тимовите за пребарување со кучиња  сепак би можеле да најдат повеќе загинати во пожарот што запали 1.000 згради и остави илјадници без покрив над главата, за што веројатно ќе бидат потребни многу години и милијарди долари за обнова.

    „Никој не влегол во ниту една од овие објекти што изгореа и тука, за жал, очекуваме дека бројот на загинати значително ќе се зголеми“, изјави американскиот сенатор Брајан Шац од Хаваи, додавајќи дека наредил да се испита што точно се случувало и како почна сè.

    Пожарот во Лахаина, сè уште тлее, но 85 отсто е контролиран. Други два шумски пожари на островот беа 80% и 50% локализирани.

    Три дена по катастрофата, не е јасно дали некои жители добиле предупредување пред пожарот да ги зафати нивните домови. На островот има сирени за итни случаи наменети да предупредуваат за природни катастрофи и други закани, но се чини дека тие не се огласиле за време на пожарот. Властите не даваат детални одговори за тоа какви точно известувања биле испратени и дали тие биле направени преку СМС порака, е-пошта или телефонски повици.

    Гувернерот од Хаваи Џон Грин кажа дека телекомуникациите биле намалени и пожарникарите се концентрирале на други големи шумски пожари кога се појавила најголемата закана за Лахаина. Началникот на противпожарната служба на округот Мауи, Бредфорд Вентура, на прес-конференција во четвртокот рече дека брзината на пожарот направила да биде речиси невозможно за одговорните од првите редови да комуницираат со службениците за управување со вонредни состојби кои обично даваат наредби за евакуација во реално време.

    „Жителите на населбата каде првично избувна всушност се самоевакуираа со прилично мало известување“, рече тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира