НЕБЕСЕН СПЕКТАКЛ СО МЕТЕОРСКИОТ ДОЖД ПЕРСЕИДИ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

    НЕБЕСЕН СПЕКТАКЛ СО МЕТЕОРСКИОТ ДОЖД ПЕРСЕИДИ (ФОТОГАЛЕРИЈА)Природниот спектакл фотографиран од селото Куклица близу Кратово познато по камените форми што личат на камена свадба. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Метеорскиот дожд Персеиди го осветли небото низ светот, приредувајќи небесен спектакл  на радост на оние што се надеваат дека ќе видат ѕвезда што паѓа. Станува збор за природен спектакл што се случува секоја година.

    Персеиди во кратовско Куклица.  (Фото: Ѓ. Личовски)

    Феноменот носи до 100 метеори на час.  Персеидите се случуваат кога Земјата поминува низ ситни остатоци што зад себе ги остава древната комета Свифт-Татл, а за да се набљудува феноменот, мора да се отиде надвор од населено место.

    Како што остатоците ја погодуваат Земјината атмосфера, тие согоруваат, што резултира со светли блесоци познати како ѕвезди кои паѓаат, кои можат да се видат со голо око.

     

    Персеиди во кратовско Куклица.  (Фото: Ѓ. Личовски)

    Природниот феномен се случува во слично време во јули и август секоја година, а оваа година го достигна врвот помеѓу 12 и 13 август.

    Метеорите се викаат Персеиди затоа што доаѓаат од правецот на созвездието Персеј што го носи името на грчкиот митолошки херој кој го победил чудовиштето Горгон Медуса.

    Персеиди во кратовско Куклица. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Фото: Ѓ. Личовски

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира