ПОСТАВЕНИ ПРЕПРЕКИ НА РЕКИТЕ САТЕСКА И ДАЉАН ВО ОХРИД ШТО ЌЕ ГО СОПИРААТ ПЛОВНИОТ И ОТПАД ОД ПАКУВАЊА, ПРОЕКТ НА „СКОПСКО“

    ПОСТАВЕНИ ПРЕПРЕКИ НА РЕКИТЕ САТЕСКА И ДАЉАН ВО ОХРИД ШТО ЌЕ ГО СОПИРААТ ПЛОВНИОТ И ОТПАД ОД ПАКУВАЊА, ПРОЕКТ НА „СКОПСКО“Препреките се иницијатива на платформата за општествена одговорност на „Скопско“, насловена „Наша гордост. Наша одговорност“; - Генералниот директор на „Пивара“ Душан Митрев (лево). (Фото: Пивара)

    Пловни препреки се поставени на реките Сатеска и Даљан во Охрид, кои ќе функционираат како физичка бариера која го сопира пловниот и пакувачки отпад за да не заврши во Охридското Езеро. Двете реки се меѓу поголемите загадувачи на езерото со пловен и пакувачки отпад и овие препреки се решение за тој проблем.

    Поставувањето н препреките е дел од активностите на платформата за општествена одговорност на „Скопско“, насловена „Наша гордост. Наша одговорност“, чија главна цел е заштита на животната средина со фокус на чистењето отпад од националните обележја и намалување на загадувањето.

    „Благодарение на потрошувачите кои се вклучија во иницијативата за издвојување 1 денар од секое продадено стаклено шише со посебна етикета ‘Скопско’ и ‘Скопско смут’, беа обезбедени средства за поставување на пловни препреки, акции за чистење на крајбрежјето и дното на Охридското Езеро и активности за подигнување на свесноста. Во фокусот на ‘Скопско’ како бренд останува да ги инспирира луѓето да се обединат за подобра иднина, бидејќи заедно ја делиме одговорноста да го исчистиме и да го заштитиме од загадување она што е наша гордост –природните и културни обележја на нашата земја“, изјави Душан Митрев, генерален директор на „Пивара“ Скопје, истакнувајќи дека овој проект е во согласност со заложбите на „Пивара“ Скопје за одржливост и свет без отпад до 2030, како и за намалување на ЦО2 емисиите на компанијата до 2040.

    Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска, вели дека од огромна важност е соработката на институциите и компаниите во напорите за развивање на одржливо управување со отпад преку селекција, собирање и рециклирање на отпадот.

    Пловните препреки на Сатеска и Даљан што ги поставија стручните тимови на „Пакомак“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира