Украинските сили го слават првиот воен успех по три недели пауза откако го ослободиле селото Урожајне на југоистокот на земјата, објави заменичката на министерот за одбрана Хана Маљар.
„Урожајне е ослободено. Нашите бранители се утврдени на периферијата“, напиша Маљар на Телеграм.
Селото во регионот Доњецк е дел од групата мали рурални населени места што Украина ги ослободи од почетокот на противофанзивата во јуни. Москва досега не го коментираше ова, додека руските воени блогери пишуваа за жестоки борби близу селото.
Ова ќе им овозможи на украинските сили да продолжат да напредуваат кон Азовското Море, кое е оддалечено околу 90 километри од Урожајне. Сепак, противофанзивата се одвива бавно, па Урожајне е првото ослободено село од заземањето на Старомајорске на 27 јули.
Ова ги доближува украинските сили кон селото Старомлинивка, за кое воените аналитичари велат дека служи како руско упориште во областа.