ЖЕНА ОД ТЕКСАС ДОБИ ОТШТЕТА ОД 1,2 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗАШТО БИЛА ЖРТВА НА ОДМАЗДНИЧКИ ПОРНО СНИМКИ

    ЖЕНА ОД ТЕКСАС ДОБИ ОТШТЕТА ОД 1,2 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗАШТО БИЛА ЖРТВА НА ОДМАЗДНИЧКИ ПОРНО СНИМКИЖената го тужела своето поранешно момче за вознемирување (Фото: Гети)

    Порота од Тексас ѝ додели на една жена отштета од 1,2 милијарди долари зашто била жртва на одмазднички порно снимки. Именувана како И. Д. во судските документи, таа го тужела своето поранешно момче за вознемирување во 2022 година.

    Во тужбата било наведено дека тој на интернет објавил интимни фотографии од неа со цел јавно да ја посрамоти по раскинувањето. Нејзините адвокати кажаа дека ова е победа за сите жртви на сексуално насилство засновано врз фотографии. Тие првично бараа обесштетување од 100 милиони долари.

    Се надеваме дека огромната сума од пресудата испраќа порака на одвраќање и спречува други од вклучување во вакви одвратни активности“, изјави адвокатот Бредфорд Гајлд.

    Според судските документи, И. Д. и нејзиното поранешно момче ја почнале врската во 2016. Додека биле во врска, таа со него споделувала интимни фотографии, а по раскинувањето во 2021, тој без дозвола ги објавил на социјални мрежи и порно сајтови. Тој исто така беше обвинет дека имал пристап до нејзините профили на социјалните мрежи, телефон и мејл.

    На него му е наложено да исплати 200 милиони долари за мината и идна ментална болка, како и милијарда долари како отштета за пример.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира