ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА БРИТАНСКАТА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА КОЈА УБИ СЕДУМ БЕБИЊА

    ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА БРИТАНСКАТА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА КОЈА УБИ СЕДУМ БЕБИЊАЛетби е само четвртата жена во историјата на Велика Британија осудена на доживотен затвор. (Фото: Британска полиција)

    Британската медицинска сестра Луси Летби денеска беше осудена на доживотен затвор за убиство на седум бебиња. 33-годишната Летби намерно им инјектирала воздух, со сила ги хранела со млеко и им ставала инсулин на бебињата.

    Таа е осудена и за обид за убиство на уште шест други бебиња во болницата „Војвотката од Честер“ во северна Англија.

    Летби е само четвртата жена во историјата на Велика Британија осудена на доживотен затвор.

    При изрекување на казната во суд во Манчестер, судијата кажа дека таа била сурова и пресметана кога ги направила злоделата меѓу јуни 2015 и јуни 2016.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира