СО ВОДА ОД „МАНТОВО“ ЛОКАЛИЗИРАН ПОЖАРОТ ОКОЛУ БРАНАТА, ИЗГОРЕА 20 ХЕКТАРИ ШУМА

    СО ВОДА ОД „МАНТОВО“ ЛОКАЛИЗИРАН ПОЖАРОТ ОКОЛУ БРАНАТА, ИЗГОРЕА 20 ХЕКТАРИ ШУМАПрва интервенција со хеликоптер преку ЦУК во Штипско и Радовишко на пожарот кој зафати 20 хектари ниска и висока шума околу браната „Мантово“. (Фото: СДК.МК)

    Со вода од браната „Мантово“ денеска се успеа да се локализира пожарот што вчера попладне избувна меѓу акумулацијатА и штипското село Пиперово. Во пожарот изгорела ниска и висока шума на површина од 15-20 хектари. Ако не била првичната интервенција на штипските и радовишките противопожарни единици и волонтерите од Општина Конче, пожарот ќе бил со многу поголеми размери и последици..

    „Со координација на колегите од Радовиш и Конче делувавме брзо и ефикасно. Нашите екипи веднаш излегоа на терен, но кога пристигнавме видовме дека пожарот сериозно се шири во шумски непристапен терен од браната кон штипското село Пиперево во подножјето на Серта. По нашиот повик и комуникацијата со Центарот за управување со кризи (ЦУК) брзо стигна хеликоптер на МВР, кој на повеќе наврати со полнење вода од браната успеа да го локализира пожарот на непристапниот терен и не се дозволи да се прошири“, рекоа командирот на штипската протипожарна единица, Дарко Коцев и Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов кој исто така пристигна кај Мантово.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира