EСКОБАР УТРЕ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ НА СРЕДБИ СО КОВАЧЕВСКИ И МИЦКОСКИ

    EСКОБАР УТРЕ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ НА СРЕДБИ СО КОВАЧЕВСКИ И МИЦКОСКИВисокиот американски дипломат доаѓа по започнувањето на собраниската процедура за усвојување на уставните измени. (Фото: СДК.МК)

    Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар утре доаѓа во Скопје на средби со премиерот Димитар Ковачевски и лидерот ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Предвидено е да има средба и со претседателот Стево Пендаровски.

    Високиот американски дипломат доаѓа по започнувањето на собраниската процедура за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов за земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија.

    Собраниската седница се одржа на 18 август и по обраќањето на премиерот и неколку дискутанти, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и го одложи гласањето до обезбедување двотретинско мнозинство.

    За усвојување на Предлогот за пристапување кон измена на Уставот, што е единствена точка на 123 седница, неопходно да гласаат минимум 80 пратеници. Тоа е првата од вкупно трите фази за промена на Уставот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира