МАРИЧИЌ ЌЕ ГИ ЗАПОЗНАВА ГРАЃАНИТЕ СО ПРИДОБИВКИТЕ ОД ЕУ СО КАРАВАН „НИЕ СМЕ ЕВРОПА“ ВО ОСУМ ГРАДОВИ

    МАРИЧИЌ ЌЕ ГИ ЗАПОЗНАВА ГРАЃАНИТЕ СО ПРИДОБИВКИТЕ ОД ЕУ СО КАРАВАН „НИЕ СМЕ ЕВРОПА“ ВО ОСУМ ГРАДОВИВицепремиерот кажа дека кампањата е во рамки на напорите Македонија да ги исполни стратешките цели и да ги приближи граѓаните кон евроинтеграциите. (Фото: Влада)

    Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска ја промовираше кампањата „Ние сме Европа“, со која преку трибини во осум градови власта ќе ги претставува придобивките од членството во Европската унија.

    Од Секретаријатот за европски прашања велат дека караванот на кампањата ќе опфати осум градови со повеќе теми и тоа: Скопје – економија, Струмица – труд и социјална политика, Прилеп – земјоделие, Битола – култура, Охрид – туризам, животна средина, Тетово – млади, Штип – инфраструктура и Куманово – енергетика.

    Првиот настан ќе биде во Скопје на 30 август и ќе го отвори премиерот Димитар Ковачевски. Активностите, како што кажа Маричиќ и на промоцијата, ќе вклучуваат посета, средби со целни групи кои се заинтересирани да прашаат нешто конкретно за темата и генерално за процесот на пристапување.

    „Во секој град ќе се одржува и трибина каде што ќе биде отворена за присуство на сите граѓани’, рече вицепремиерот.

    Вицепремиерот кажа дека кампањата е во рамки на напорите Македонија да ги исполни стратешките цели и да ги приближи граѓаните кон евроинтеграциите.

    „Целта на овие настани е да ги претставиме придобивките, неопходните реформи и начините како членството во Европската Унија ќе го заштити и зајакне македонскиот идентитет“, рече Маричиќ.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира