ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ВО АЛБАНИЈА ОТКРИЕНА НАСЕЛБА СТАРА 8.500 ГОДИНИ

    ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ВО АЛБАНИЈА ОТКРИЕНА НАСЕЛБА СТАРА 8.500 ГОДИНИПропаднатата населба на потпорници ја пронашле швајцарски и албански архиолози кои работеле на истражувања изминативе 4 години.

    Во Охридското Езеро во Албанија откриено е село за кое се верува дека е најстаро во Европа. Пропадната населба на потпорници ја пронашле швајцарски и албански археолози кои работеле на истражувања изминативе 4 години.

    Наодите направени од швајцарски и албански археолози со помош на професионални нуркачи покажуваат дека Лин служел како центар за развој на земјоделството, занаетчиството и риболовот пред околу 8.500 години, што го прави најстарото езерско село откриено до денес, па дури и постаро од оние кои се наоѓаат во јужна Италија и низ цела Европа.

    Откритието под Охридското Езеро во селото Лин, Албанија, потврдува дека крајбрежните населби во регионот, кој се протега на планинската граница на Северна Македонија се многу постари од очекувањата на археолозите, вели Алберт Хафнер, професор по археологија од швајцарскиот универзитет во Берн.

    Се претпоставува дека во античката населба живееле меѓу 200 и 500 луѓе, кои граделе куќи на потпорници над површината на езерото. Археолозите откриле докази кои укажуваат дека населбата била зајакната со илјадници шилести трупци кои се користеле како одбранбена барикада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира