ТРАМП ПОМИНА 20 МИНУТИ ВО ЗАТВОРОТ ВО ФУЛТОН, ПО ШТО БЕШЕ ОСЛОБОДЕН СО ГАРАНЦИЈА ОД 200.000 ДОЛАРИ

    ТРАМП ПОМИНА 20 МИНУТИ ВО ЗАТВОРОТ ВО ФУЛТОН, ПО ШТО БЕШЕ ОСЛОБОДЕН СО ГАРАНЦИЈА ОД 200.000 ДОЛАРИБеше објавена официјална фотографија од него во окружниот затвор, по неговото заминување. (Фото: Шериф на Фултон)

    Доналд Трамп се пријави ноќеска во окружниот затвор во Фултон по серијата обвиненија во врска со неговите напори да го промени изборните резултати во државата Џорџија во 2020 година, што е четврти пат годинава како американскиот претседател се соочува со обвиненија.

    Трамп помина нешто повеќе од 20 минути во окружниот затвор, каде што беше обработен и ослободен со кауција. Според податоците од судот, тој е висок 190 сантиметри и тежок 97,5 килограми, со сини очи и руса коса.

    Беше и објавена официјална фотографија од него во окружниот затвор, по неговото заминување.

    Трамп го нарече искуството во окружниот затвор „ужасно“ и „многу тажно“ подоцна во интервју за „Њузмакс“, додавајќи: „цел мој живот не сум знаел ништо за обвиненија и сега сум обвинет четири пати“

    Во април, Трамп беше обвинет во Њујорк во врска со пари за замолчување. Во јуни беше обвинет во Мајами во врска класифицирани документи и претходно месецов беше обвинет во Вашингтон исто така за обидите да ги промени изборните резултати во 2020 година.
    Сите овие случаи може да почнат со судење следната година, кога се и претседателските избори.

    Како и останатите 18 обвинети во случајот во Џорџија, Трамп брзо беше обработен во окружниот затвор, бидејќи неговите адвокати веќе ја договорија сумата што се остава како гаранција. Трамп се согласи да плати 200.000 долари за да биде ослободен, но, исто така, се согласи и да не ги користи социјалните мрежи за да ги напаѓа другите обвинети и сведоците во случајот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира