Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) конечно утврди дека на депонијата во близина на село Волковија, која пред четири денови се запали, се работело незаконски и се трупал комунален смет што не бил дозволен со дозволата која му била издадена на правното лице кое стопанисувало со депонијата.
ДИЖС денеска излезе со соопштение во кое се наведени мерките кои ќе бидат преземени против правното лице и фирмата и против приватното лице, сопственик на депонијата.
„Изготвено е решение и платни налози за правното лице од 9.000 евра и за во висина од 500 евра, кое со решение е задолжено комуналниот отпад од локацијата што се запали, во рок од 90 дена да го однесе на депонијата Русино. Изречена му е и забрана да носи комунален отпад на истата локација“, изјави Сретен Стојковски, директор на Инспекторатот за животна средина.
Иако официјално пожарот на депонијата е изгаснат, ноќеска а и утрово во Тетово можеше повторно да се почувствува непријатен мирис на изгорено, а и чад во воздухот.
З. АНДОНОВ