ИЗЛОЖБА ЗА 20 ГОДИНИ ОД СТРИП САЛОНОТ ВО ВЕЛЕС, НА КОЈ ГОСТИ БИЛЕ ЦРТАЧИТЕ НА „ЗАГОР“, „СУПЕРМЕН“, „БЕТМЕН“, МАНГА

    ИЗЛОЖБА ЗА 20 ГОДИНИ ОД СТРИП САЛОНОТ ВО ВЕЛЕС, НА КОЈ ГОСТИ БИЛЕ ЦРТАЧИТЕ НА „ЗАГОР“, „СУПЕРМЕН“, „БЕТМЕН“, МАНГАИзложбата е со плакати и стрипови кои биле дел од содржините на двете децении на Салонот. (Фото: СДК.МК)

    Во Медиотеката на Градската библиотека во Велес поставена е изложба „20 години Салон на стрипот“, со плакати и стрипови кои биле дел од содржините на двете децении на Салонот. Организаторот и идеен творец на Салонот, Ване Трајков, се потсети на дел од настаните кои ја одбележаа манифестацијата.

    (Фото: СДК.МК)

    „На почетоците на манифестацијата 2003 и 2004, гостите беа сместени дома кај мене по седум-осум души.Обезбедував сместување, храна, само стрип фестивалот да се одржи. Во годините што следат имаше моменти кои ќе го одбележат фестивалот, но и живеењето на градот. Во 2011 дојде Американецот Џамал Ајгел, стрип цртач на ДС Комикс, на Супермен, Бетмен, Лигата на правдата. Следната година гостин беше цртачот на Загор, Италијанецот Марио Лоренти. Тој фестивал ќе остане забележан по бројните гости кои дојдоа тогаш и никогаш повеќе. Тие земаа по еден, некои и по две-три, од 128 оригиналните табли со стрип јунакот Загор. Тие денес вредат по 500 евра на пазарот. Следните години доаѓаа гости од други држави, имаше и цртач на манга стрип од Јапонија. Со годините манифестацијата беше интересна, па имаше се поголема финансиска помош“, кажа Трајков.

    (Фото: СДК.МК)

    За овие 20 години, меѓу добитниците на признанието за животно дело за стрип се и Миле Топуз, Диме Иванов-Димано, Томислав Османли, Дарко Марковиќ, стрип книжарницата „Бункер“, списанието „Остен“.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира