ЗАТВОРЕНА ПАТЕКАТА КАЈ ЗГРАДАТА НА „ТЕХНОМЕТАЛ-ВАРДАР“ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ, ПОЧНАА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ ЗА ДА СТАНЕ ХОТЕЛ

    ЗАТВОРЕНА ПАТЕКАТА КАЈ ЗГРАДАТА НА „ТЕХНОМЕТАЛ-ВАРДАР“ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ, ПОЧНАА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ ЗА ДА СТАНЕ ХОТЕЛСега не е можно движење во овој дел кој е ново градилиште во строгиот центар на градот. (Фото: СДК.МК)

    Со лимени тараби заградена е пешачката патеката за движење од плоштадот ВМРО покрај зградата на „Технометал-Вардар“, за да се излезе на улица Македонија во строгиот центар на Скопје. Инвеститорот, фирмата „Буши фешн“ која ја купи зградата, почна со градежни работи на објектот, кој според првичните најави треба да биде хотел.

    Сега не е можно движење во овој дел кој е ново градилиште во центарот на градот.

    Овој дел со години беше депонија, а изминатиов период додека се чистеше просторот, градежен матријал се трупаше на плочникот, и парчиња паѓаа и низ улица Македонија.

    Зградата на „Технометал-Вардар“ е изградена во 1980 година и е со површина од 8.000 метри квадратни. Зградата е дело на архитектите Димитар Димитров и Росанда Минчева, и е едно од препознатливите објекти на современата македонска архитектура.
    Беше ставена на продажба откако во 2019 беше отворена стечајна постапка. Поради обврски кон „Комерцијална банка“ објектот беше одземен од банката, а потоа ставен на продажба, по што зградата беше купена од „Буши фешн“.

    „Технометал-Вардар“ беше основана пред 60 години и во времето на поранешна Југославија беше водечка фирма во трговија со мермер, челик, обоени матели и неметали, опрема, машини и друго.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира