ИЗЈАВАТА НА МАКРОН ЗА РАЗЛИЧНИ БРЗИНИ БЕШЕ ПОГРЕШНО ПРЕЗЕНТИРАНА ОД ОПОЗИЦИЈАТА, ВЕЛИ ОСМАНИ

    ИЗЈАВАТА НА МАКРОН ЗА РАЗЛИЧНИ БРЗИНИ БЕШЕ ПОГРЕШНО ПРЕЗЕНТИРАНА ОД ОПОЗИЦИЈАТА, ВЕЛИ ОСМАНИ„Имаме борба со пропаганда дома. Тешко е да ги презентираме вистинските аргументи“, кажа Османи на панел на Блед. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека опозицијата погрешно ја интерпретирала вчерашната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон за „Европа со различни брзини“.

    Тој кажа дека Макрон зборувал за динамиката на членство, а не за Европа на различни нивоа и смета дека за нас поважна е вчерашната изјава претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кој кажа дека ЕУ до 2030 година треба да биде спремна да прими нови членки.

    „Изјавата на Мишел вчера одекна во Северна Македонија и помогна на дебатата што ја почнавме таму. Додава дополнителна енергија која не можете да ја вкалкулирате во табела и тоа вистинскиот начин. За мене тоа е историска изјава. Ако ги следевте вестите вчера во Северна Македонија изјавата на Шарл Мишел беше насекаде. Веднаш потоа попладнето верзијата на изјавата на Макрон доминираше на политичката сцена и беше презентирана како студен туш, главно од опозицијата. Тие велат: гледате, ви рековме дека нема кредибилен процес, правиме болни компромиси без јасна перспектива. Но, кога Макрон зборуваше за Европа во брзини, зборуваше за вистинската брзина, за динамиката на членство, а не за Европа во нивоа, Европа во слоеви. Ова е важно, затоа што имаме борба со пропаганда дома. Тешко е да ги презентираме вистинските аргументи“, кажа Османи на панел на Блед стратешкиот форум во Словенија.

    На истиот панел, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ кажа дека најверојатно и самиот Мишел денеска не верува во тоа што го кажал вчера.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира