Попладнево изби голем пожар меѓу Богданци и Дојран, каде експлoдирале 4 мини од Првата светска војна. Пожарот се шири на фронтот од Првата светска војна каде има многу неексплодирани мински средства од војната.
„Досега се слушнати 4 силни експлозии. Тоа што станува збор за реон со неексплодирани мини го усложнува гасењето оти пожарникарите не можат да се приближат. Ќе се гаси со ‘ер тракторите’ на Дирекцијата за заштита и спасување“, вели Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување и кризи (ЦУК).
Пожарот се движи кон грчка територија и на едно место е префрлен, за што се известени властите во Грција, рече Ангелов.
А. АНТЕВСКА