ЧЕШКИТЕ БАНКИ И БЕРЗА ПОГОДЕНИ ОД РУСКИ ХАКЕРСКИ НАПАДИ

    ЧЕШКИТЕ БАНКИ И БЕРЗА ПОГОДЕНИ ОД РУСКИ ХАКЕРСКИ НАПАДИХакерите бараат овие институции да престанат да ја поддржуваат Украина (Фото: Шатерсток)

    Неколку чешки банки и тамошната берза биле цел на хакери во изминатите два дена, кои ги нападнале нивните сајтови и сервиси за интернет плаќање. Шест банки пријавиле проблеми во средата и портпаролот на Здружението на чешките банки кажа дека тие биле жртви на сајбернапади.

    И покрај привремените непријатности, финансиите на клиентите на банките не биле загрозени“, кажа портпаролот.

    Неколку банки потврдија дека и вчера им бил паднат сајтот и дека имале прекин во мобилното и интернет банкарство. Сајтот на берзата во Прага и вчера имал проблеми откако бил изложен на сајбернапад во средата.

    Одговорност за овие напади ги презеде руската хакерско-активистичка група „NoName057(16)“, која бара овие институции да престанат да ја поддржуваат Украина, објави Чешката новинска агенција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира