Утрово се запали скопската депонија „Дрисла“. Гореше ѓубрето кое се депонира и се издига црн чад.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека утрово се појавил мал пожар на „Дрисла“, кој набргу по избувнувањето бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје.
Директорот на „Дрисла“ Александар Кузинаков, како и многупати досега, не одговараше на нашите телефонски повици.
А. АНТЕВСКА