ЕЛВИС БЕШЕ ЉУБОВТА НА МОЈОТ ЖИВОТ, НО НЕГОВИОТ ЖИВОТЕН СТИЛ БЕШЕ ПРЕТЕЖОК ЗА МЕНЕ, КАЖА ПРИСИЛА ПРИСЛИ ВО ВЕНЕЦИЈА

    ЕЛВИС БЕШЕ ЉУБОВТА НА МОЈОТ ЖИВОТ, НО НЕГОВИОТ ЖИВОТЕН СТИЛ БЕШЕ ПРЕТЕЖОК ЗА МЕНЕ, КАЖА ПРИСИЛА ПРИСЛИ ВО ВЕНЕЦИЈАПрисила Присли со режисерката Софија Копола и главните актери Џејкоб Елорди и Кејли Спини на премиерата во Венеција (Фото: Вајримиџ)

    Поранешната сопруга на Елвис Присли, Присила, изјави дека кралот на рокенролот бил љубовта на нејзиниот живот откако филмот за нивната турбулентна врска имаше премиера на Венецискиот фестивал. Во режија на оскаровката Софија Копола, „Присила“ е заснован врз нејзината автобиографија од 1985, „Елвис и јас“.

    „Не е дека не го сакав. Елвис беше љубовта на мојот живот, но неговиот животен стил беше претежок за мене“, изјави 78-годишната Присила Присли во Венеција.

    Таа го запознала Елвис во 1959 кога имала само 14 години, а тој бил во војска во Германија.

    „Елвис целосно ми го отвори срцето во Германија, неговите стравови и надежи, за загубата на мајка му, која никогаш не ја преболел. Луѓето мислат дека било поради сексот. Немавме секс. Тој беше многу љубезен и го почитуваше фактот дека имав само 14 години“, кажа таа.

    Елвис се вратил во САД набргу потоа. Двајцата останале во контакт и во 1963 ја поканил да живеат заедно во Мемфис, каде што го завршила школувањето. Се венчаа во 1967, следната година ја добија ќерката Лиса Мари и се разведоа во 1973, четири години пред Елвис да почине од срцев удар.

    „До крај останавме многу блиски“, кажа Присила.

    Филмот го дава најмрачниот приказ на Елвис досега, бидејќи во некои сцени тој манипулира со Присила и вербално ја злоставува. Копола вели дека многу се потпирала на Присила при снимањето на филмот.

    „Беше тешко да се гледа филмот, но мислам дека Софија заврши неверојатна работа“, изјави Присила.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира