МАРОКАНЦИТЕ СПИЕЈА НА УЛИЦИ ОТКАКО НАД 2.000 ЗАГИНАА ВО СИЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС

    МАРОКАНЦИТЕ СПИЕЈА НА УЛИЦИ ОТКАКО НАД 2.000 ЗАГИНАА ВО СИЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕСПлашејќи се од нови потреси, најголем дел од Мароканците се решија да преноќат на отворено, спиејќи на улици. (Фото: ДПА/принтскрин)

    Бројката на загинати во силниот земјотрес во Мароко надмина 2.000, а има уште најмалку толку повредени.

    Министерството за внатрешни работи вели дека над 1.400 луѓе имаат сериозни повреди, а најголем дел од настраданите се во провинциите јужно од Маракеш.

    Плашејќи се од нови потреси, најголем дел од Мароканците се решија да преноќат на отворено, спиејќи на улици.

    Епицентарот на земјотресот со јачина од 6,8 степени беше во планините Атлас во петокот вечер и има извештаи за цели села срамнети со земја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира