Двојното издание на Биеналето на македонската архитектура (БИМАС), или 20. и 21. издание, ќе се одржи од 14 до 21 септември. Влезот е слободен за сите настани и изложби, соопшти Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ).
Поради ковид-пандемијата, изминатите години не се одржа оваа значајна македонска архитектонска смотра.
Биеналето ќе се одржува на две локации, во објектот на Националната галерија на Македонија (НГМ) -Мала станица и во Музејот на современа уметност (МСУ). Ќе се изложат проектни решенија и реализирани проекти во периодот од 2018 до 2020 и од 2021 до 2023 година.
Свеченото отворање е закажано за 14 септември во 20 часот во Мала станица, а доделувањето на наградите се најавува за 29 септември во 19:30 часот во МСУ.
„Во периодот од две недели, во двата музејски простори ќе бидат изложени архитектонски проекти, реализирани објекти и урбанистички проекти од македонски архитекти и автори.
Во овој период ќе бидат организирани и Студентско биенале и Балкански архитектонски форум.
Б. НЕСТОРОСКА