Црвениот крст почна да собира донации за помош на настраданото население во Либија. Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат помош на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст- 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Либија. Граѓаните може да донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143-400 на Македонски Телеком и А1.
Катастрoфалните поплави во источна Либија предизвикани од поројните дождови од ураганот „Даниел“, кои се случија на 10 септември 2023 година опустошија повеќе градови на средоземноморското крајбрежје. Направени се значителни штети на инфраструктурата, вклучително и на патната мрежа, а прекината е и телекомуникациската мрежа. Најтешка е ситуацијата во градот Дерна, каде се говори за над 5.000 загинати луѓе. Се проценува дека околу 10 000 луѓе се водат како исчезнати.