ПРОТЕРАНИ ТРОЈЦА РУСКИ ДИПЛОМАТИ ОД МАКЕДОНИЈА, РУСКОТО МНР ОДГОВОРИ ДЕКА ТОА Е НЕПРИЈАТЕЛСКИ НАПАД КОЈ НЕМА ДА ОСТАНЕ БЕЗ ОДГОВОР

    ПРОТЕРАНИ ТРОЈЦА РУСКИ ДИПЛОМАТИ ОД МАКЕДОНИЈА, РУСКОТО МНР ОДГОВОРИ ДЕКА ТОА Е НЕПРИЈАТЕЛСКИ НАПАД КОЈ НЕМА ДА ОСТАНЕ БЕЗ ОДГОВОРДипломатите се протерани бидејќи превземале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи, велат од МНР. (Фото: К.Попов)

    Министерството за надворешни работи на 12 септември протера тројца руски дипломати од земјава. Како што стои во соопштението од Министертвото, на амбасадорот на Руската Федерација во земјава Сергеј Баздникин му била врачена дипломатска нота, со која тројца дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје се прогласени како непожелни во државата (persona non grata).

    „Ваквата одлука е донесена по информациите добиени од надлежните органи за превземени активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи“, велат од МНР.

    За протерувањето на руските дипломати се огласи и портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова според која тројцата руски дипломати се протерани без образложение.

    „Неодговорниот и непријателски напад на властите во Северна Македонија нема да остане без одговор“, изјави Захарова.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира