АНТАРКТИЧКИОТ МОРСКИ МРАЗ Е НА НАЈНИСКО ЗИМСКО НИВО ДОСЕГА РЕГИСТРИРАНО

    АНТАРКТИЧКИОТ МОРСКИ МРАЗ Е НА НАЈНИСКО ЗИМСКО НИВО ДОСЕГА РЕГИСТРИРАНОЕкспертите не се оптимисти дека мразот ќе успее да се обнови до значајно ниво

    Морскиот мраз што го окружува Антарктик е доста под сите претходно регистрирани зимски нивоа, покажуваат нови сателитски снимки, што е загрижувачки нов податок за регион кој своевремено се сметаше за отпорен на климатските промени.

    Ова е неверојатно, надвор од сѐ што сме виделе досега“, кажа Валтер Мајер, кој го набљудува морскиот мраз за Националниот центар за податоци за снег и мраз.

    Огромното ледено пространство на Антарктик ја регулира температурата на планетата, бидејќи белата површина ја рефлектира енергијата на сонцето назад во атмосферата и ја лади водата. Без неговиот мраз, Антарктик би можел да се трансформира од ладилник на Земјата во радијатор, велат експертите.

    Мразот што лебди на површината на Антарктичкиот Океан сега изнесува помалку од 17 милиони квадратни километри, што е за 1,5 милиони квадратни километри помалку од просекот во септември и многу под претходните рекордно ниски зимски намалувања.

    Мајер не е оптимист дека морскиот мраз ќе успее да се обнови до значајно ниво.

    Научниците сѐ уште се обидуваат да ги идентификуваат сите фактори кои доведоа до годинашниот низок морски мраз, но проучувањето на трендовите на Антарктик отсекогаш било предизвик.

    Од 1990-ите, загубите на копнениот мраз на Антарктик придонесле за покачувањето на нивото на морето за 7,2 милиметри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира