ЖАЛ МИ Е ШТО ГРУЕВСКИ ПРАВИ ДЕФОКУС ОД КРИМИНАЛОТ НА ВЛАСТА, НО НЕ ГО ОПРАВДУВАМ, ВЕЛИ МИЦКОСКИ

    ЖАЛ МИ Е ШТО ГРУЕВСКИ ПРАВИ ДЕФОКУС ОД КРИМИНАЛОТ НА ВЛАСТА, НО НЕ ГО ОПРАВДУВАМ, ВЕЛИ МИЦКОСКИМицкоски тврди дека за да издејствува уставни измени, Владата подготвува валкани дилови и планира да му вети кривична неказнивост на Груевски за тој да се врати и да помогне со помош на неговите поддржувачи за во Парламентот да поминат уставните измени, со кои треба да се внесат Бугарите во Преамбулата. (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го обвини неговиот претходник, експремиерот Никола Груевски, дека служи за дефокус од криминалот на власта, но не го оправдува, во одговор на синоќешната Фејсбук објава на Груевски. Мицкоски, кој вчера во интервју за германскиот весник ФАЦ кажа дека Груевски се договора со власта да ја подели партијата, сега му вели на избеганиот експремиер дека ќе му се спротивстави на обидите да прави раздор.

    „Жалам што се одлучи на чекорот да правиш јавна пародија и да служиш за дефокус од криминалот на оваа криминална власт и те разбирам, но не можам да те оправдам. Ако ти сакаш раздор тоа е твоја одлука на која јас сум подготвен да се спротивставам, бидејќи не станува збор за лична битка, туку битка за Македонија која се повеќе тоне во криминал, каде се оди против волјата на граѓаните. Како велеше, ‘вистината е како шило, порано или подоцна ќе излезе’, а вистината ја знаеме и јас и ти…, но изгледа ја знаат и други кои ја кажуваат изминативе денови јавно, помалку или повеќе гласно и јасно“, напиша Мицкоски денеска на Фејсбук.

    Груевски, кој од ноември 2018 година ужива азил во Унгарија, вчера преку Фејсбук побара од Мицкоски да му одговори дали навистина за ФАЦ рекол дека се обидува да ја подели партијата и дали има докази за тоа.

    Во интервјуто за ФАЦ, Мицкоски тврди дека Груевски е во договор со Владата за да ја подели најголемата опозициска партија.

    „Груевски се наоѓа во тајна комуникација со владата. Владата верува дека може да ја подели нашата партија. Но, тоа нема да успее. Направивме сѐ за нашата европска перспектива. Но, нам ни се поставуваат постојано нови барања. На тоа сега е крај, доколку не биде прифатен нашиот предлог за одложена примена на уставните измени, тогаш нема да има никакви промени на Уставот“, вели Мицкоски.

    Мицкоски тврди дека за да издејствува уставни измени, Владата подготвува валкани дилови и планира да му вети кривична неказнивост на Груевски за тој да се врати и да помогне со помош на неговите поддржувачи за во Парламентот да поминат уставните измени, со кои треба да се внесат Бугарите во Преамбулата.

    Со измените на Кривичниот законик што Парламентот ги усвои на 6 септември по кратка постапка и со европско знаменце, се намалуваат казните за Злоупотреба на службената положба и овластувањата и за кривичното дело злосторничко здружување, за кои се обвинети или осудени ексфункционерите од ВМРО-ДПМНЕ, а Груевски се ослободува веднаш од пресудата од 9 години затвор во предметот „ТНТ“, како и од обвинението за криминал со кинеските автопати, познато како „Траекторија”. Со измените се намалени казните и роковите за застарување на кривични дела за Груевски и други функционери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира