ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ СПОРТСКИ КОМЕНТАТОР АЛЕКСАНДАР СТИКОВ

    ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ СПОРТСКИ КОМЕНТАТОР АЛЕКСАНДАР СТИКОВСтиков целиот свој работен век го помина Македонско радио како новинар, репортер и уредник на спортската програма

    Александар Стиков, еден од доајените на македонското спортско новинарство и легендарен радио коментатор, почина на 76 години.

    Роден во 1947 година, Стиков целиот свој работен век го помина во Радио Скопје, односно Македонско радио како новинар, репортер и уредник на спортската програма. Со својот препознатлив глас ги овековечи најважните настани од југословенската и македонската спортска историја и со преку 2.000 преноси е новинарот со најмногу изговорени минути во програмата на Македонското радио.

    Беше последниот претседател на Здружението на спортски новинари на Југославија и еден од основачите на Македонскиот олимписки комитет. Добитник е на бројни награди и признанија, вклучувајќи го и престижниот Трофеј за спорт и медиуми од Меѓународниот олимписки комитет во 2004.

    Како уредник на спортската програма на Македонското радио создаде плејада новинари и репортери. Во 1969 ја почна најдолговечната специјализирана емисија „Спорт, музика, спорт“ и известуваше од седум олимпијади и од голем број европски и светски првенства.

    Погребот ќе биде утре во 11 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира