Речиси една третина од Европејците сега гласаат за популистички, екстремно десничарски или екстремно леви партии, покажува истражувањето, со широка поддршка за политика против естаблишментот што се зголемува низ целиот континент и е сè попроблематичен предизвик за мејнстримот. Анализата на повеќе од 100 политиколози од 31 земја покажа дека на изборите минатата година рекордни 32% од европските гласачи го дале својот глас за антиестаблишмент партии, во споредба со 20% во раните 2000-ти и 12% во раните 1990-ти.
Истражувањето, предводено од Матис Рудујн, политиколог од Универзитетот во Амстердам, што ексклузивно го пренесува „Гардијан“, исто така покажа дека околу половина од гласачите против естаблишментот ги поддржуваат екстремно десничарските партии – и ова е уделот на гласовите што најбрзо се зголемува.
„Постои флуктуација, но основниот тренд е дека бројките постојано се зголемуваат“, рече Рудујн. „Меинстрим партиите губат гласови; партиите против естаблишментот добиваат. Тоа е важно, бидејќи многу студии сега покажуваат дека кога популистите обезбедуваат моќ или влијание врз власта квалитетот на либералната демократија опаѓа“.