ЖИТЕЛ НА СКОПСКИ ИЛИНДЕН СО ЧЕКАН МУ ЈА СКРШИЛ ГЛАВАТА НА КОМШИЈАТА СО КОГО СЕ СКАРАЛ

    ЖИТЕЛ НА СКОПСКИ ИЛИНДЕН СО ЧЕКАН МУ ЈА СКРШИЛ ГЛАВАТА НА КОМШИЈАТА СО КОГО СЕ СКАРАЛНападнатиот имал тешки повреди на главата. (Фото: СДК.МК)

    37-годишен жител на скопски Илинден се скарал со комшијата, по што го удрил со метален чекан во главата и сериозно го повредил. Како што соопшти Основното јавно обвинителство Скопје, донесена е Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен скопјанец за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.

    „На 24 септември, во скопската населба Илинден, осомничениот со умисла тешко телесно повредил сосед при расправија поради претходно нерасчистени меѓусебни односи. Тој со метален чекан го удрил оштетениот 49-годишник во главата, нанесувајќи му повреди – фрактури со кои му бил доведен во опасност животот“, се вели во соопштението на Обвинителството.

    Јавниот обвинител му предложи на судот да определи мерки на претпазливост за осомниченото лице – забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа, обврска за јавување кај службено лице во судот и забрана за приближување и воспоставување контакт со оштетениот.​

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира