БОМБА ЕКСПЛОДИРАШЕ БЛИЗУ ПАРЛАМЕНТОТ ВО АНКАРА, ПОВРЕДЕНИ ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ

    БОМБА ЕКСПЛОДИРАШЕ БЛИЗУ ПАРЛАМЕНТОТ ВО АНКАРА, ПОВРЕДЕНИ ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИТурскиот министер за внатрешни работи вели дека еден од терористите се разнел себеси пред зградата на министерството, а другиот бил неутрализиран. (Фото: Хуријет)

    Експлозијата близу турскиот парламент во Анкара беше терористички напад во кој се повредени двајца полицајци, соопшти министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

    Двајца напаѓачи пристигнале со комерцијално возило околу 9.30 часот по локално време и го извршиле нападот, додаде Јерлијакаја.

    Тој вели дека еден од терористите се разнел себеси пред зградата на министерството, а другиот бил неутрализиран.

    Експлозијата се случи само неколку часа пред парламентот да заседава. Нејасно е кој стои зад нападот, никој не презеде одговорност.

    Првичните извештаи во турските медиуми беа дека освен експлозијата, се слушале и пукотници. Полицијата го има блокирано просторот околу терористичкиот напад.

    „Нашата борба ќе продолжи додека не биде неутрализиран и последниот терорист“, напиша Јерликаја на социјалните мрежи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира