КИПЛАГАТ И МАТЕБО ОД КЕНИЈА ПОБЕДИЈА НА СКОПСКИОТ МАРАТОН

    КИПЛАГАТ И МАТЕБО ОД КЕНИЈА ПОБЕДИЈА НА СКОПСКИОТ МАРАТОНКиплагат ја истрча патеката долга 42 километри за 2:15:09 часа. (Фото: К. Попов)

    Виктор Киплагат од Кенија победи во машка конкуренција денеска на Скопскиот маратон, а во женска конкуренција најбрза беше неговата сонародничка Рут Матебо.

    Киплагат ја истрча патеката долга 42 километри за 2:15:09 часа, додека Матебо имаше време од 02:44:17 часа.

    Дарио Ивановски го освои третото место со време 2:19:08 часа и беше најдобар македонски натпреварувач на маратонот.

    Матебо победи во женска конкуренција со време од 02:44:17 часа. (Фото: К. Попов)

    На полумаратонската трка, во женска конкуренција победи домашната натпреварувачка Андријана Поп Арсова со време од 01:21:19 часа, додека во машка конкуренција победи Британецот Бен Фелтон со време од 01:09:17 часа.

    Дарио Ивановски беше најдобар македонски натпреварувач на маратонот, освојувајќи го третото место со време 2:19:08 часа. (Фото: К. Попов)

    Вкупно, на 19. издание на Скопскиот маратон учествуваа над 11.000 натпреварувачи од 53 земји, а освен маратон и полумаратон се трчаше и штафетен маратон и трка на 5 километри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира