Најмалку 13 луѓе загинаа во пожар во ноќен клуб во Мурсија, на југоистокот на Шпанија, соопштија властите.
Пожарот изби во популарниот ноќен клуб „Театре“, лоциран во областа Аталајас, околу 6 часот наутро по локално време. Властите велат дека бројот на жртви може да порасне.
Претрагата по исчезнати сè уште трае, а четири лица се во болница поради вдишување чад.
Нејасна е причината за пожарот, кој избил додека ноќниот клуб сè уште бил полн со луѓе.